Едукативна и инспиративна работилница Нула Отпад

20 Февруари 2026
Денес тимот на Нула Отпад, во соработка со Општина Кавадарци, реализираше едукативна и инспиративна работилница со учениците од второ одделение во нашето училиште.

Преку интерактивни активности, разговор и игра, најмладите имаа можност да научат што претставува електронскиот отпад, зошто е важно правилно да се селектира и како секој од нас – без разлика на возраста – може да придонесе за почиста, поздрава и поубава животна средина 🌍🌳🌱

Учениците активно учествуваа, поставуваа љубопитни и креативни прашања и покажаа дека свеста за заштита на природата се гради уште од најрана возраст. Со нивниот ентузијазам ни потврдија дека малите чекори денес создаваат големи промени утре